Connect with us

Фудбал

Голеада на мечот Ливерпул-Тотенхем, Мохамед Салах постигна нешто што на никој во историјата на Премиер лигата не му успеало (ВИДЕО)

Фудбалерите на Ливерпул го победија Тотенхем со 4:2 во 36. коло од англиската Премиер лига, а натпреварот го одбележа домашниот напаѓач Мохамед Салах.

Имено, Египјанецот стана првиот играч во историјата на Премиер лигата кој во три последователни сезони остварил „трипл дабл-дабл“ учинок од најмалку 10 гола и 10 асистенции во текот на сезоната.

Салах ја затресе мрежата на „петлите“ во 16. минута, а во 45. минута Робертсон зголеми на 2:0. Веднаш штом започна вториот дел Гакпо го постигна третиот гол во 50. минута, а Елиот со еврогол во 59. минута зголеми на 4:0.
Тотенхем се разбуди на самиот крај и со головите на Ричарлисон во 72. и Сон во 77. минута го ублажи поразот од подносливи 4:2.