Connect with us

Фудбал

„Голем“ минималец на Милан против Наполи

Во првиот натпревар од четврт-финалето на Лигата на шампионите, Милан го совлада Наполи на Сан Сиро со 1:0.

Нашиот репрезентативец Елиф Елмас го одигра целиот натпревар, но не успеа да ја затресе мрежата на противникот од Милано.

Наполи тргна подобро, а веќе во првата минута 100% шанса имаше Кварачели. Практично беше неспречен од пет метри, шутираше, но неговиот удар од гол линијата го одби Калабрија.

После тоа Наполи имаше повеќе шанси, а во четвртата минута одлично интервенираше Мајк Мањан, откако го одби ударот на Ангуиса. Наполи имаше повеќе шанси, а колку доминираше во првите 25 минути најдобро говори соодносот на ударите – 8:0.

Но, тогаш во 26. минута Милан ја имаше првата, колосална шанса. Рафаел Леао направи одличен потег за да го избрка Рахмани и да се упати кон шеснаесетникот. По истрчување од околу 30 метри, тој се најде очи во очи со Мерет, кого го совлада, но ја испрати топката само покрај левата статива од голот на Наполи.

Во таа фаза од играта беше јасно дека контранападите се дефинитивната определба на Милан. И уште еден таков беше кобен за наполитанците во 40. минута. Калабрија одлично ја зеде топката и му ја додаде на Дијас. Шпанецот со одличен потег се ослободи од двајца играчи и по десната страна го проигра Леао. Португалецот на втората статива го проигра Бенасер, кој набрзина и од првата жестоко шутираше во блискиот агол на Мерет. Голманот на Наполи немаше шанса и Милан поведе со 1:0.

Гостите целосно се потресоа по тој гол, а Милан имаше уште две одлични шанси до полувремето. Најпрвин Жиру одлично се снајде во шеснаесетникот, му ја остави топката на Тонали, кој шутираше слабо и беше блокиран. Но, домаќините имаа многу повеќе причини за жалење во третата минута од судиското надополнување кога Симон Кјер ја погоди пречката. Сепак, Росонерите на полувреме заминаа со минимален капитал.

Наполи подобро тргна и во вториот дел. И повторно имаше одлична можност, но Мајк Манион двапати интервенираше и ја сочува мрежата на Росонерите. Оттогаш, избраниците на Стефано Пиоли повторно успеаја да ја замрзнат играта и да го префрлат тежиштето во зона која повеќе им одговара. Наполи се обиде да создаде нешто преку најдобриот играч Кича Кварачелија, но Пиоли го искористи рецептот што еднаш го користеше Карло Анчелоти против Кристијано Роналдо и буквално го удвои Грузиецот. Наспроти него беше Калабрија на која наизменично им помагаа Тонали и Круниќ.

А за Росонерите се стана уште подобро од 75. минута кога Наполи остана со играч помалку. Ангиса за само пет минути доби два жолти картони и го остави тимот на цедило. Сфаќајќи дека првичниот план не функционира, Лучијано Спалети на 10 минути пред крајот го внесе добро чуваниот Кварачели. Но, тоа не значеше дека Наполи ќе отстапи.

Гостите имаа две фантастични можности во 87. минута. Но, ударот на Ди Лоренцо од непосредна близина беше брилијантно одбранет од Мањан, а Оливера од многу поволна позиција шутираше над голот. Но, на крајот Милан ја задржа минималната, но многу важна предност во оваа фаза од натпреварувањето. Големо нешто за момците на Стефан Пиоли е што за само 10 дена двапати го победија истиот противник, а сеуште немаат примено гол во нокаут фазата.