Connect with us

Кошарка

Голем удар за шампионските амбиции на Барса

Две лоши вести ги погодија двата најголеми шпански клуба во понеделникот – еден од најважните играчи во Барселона, Кори Хигинс, ќе мора да ги пропушти следните три месеци поради повреда, додека младиот кошаркар на Реал Мадрид, Карлос Алосен го скина предниот вкрстен лигамент и нема да игра во следниот период.

Кори Хигинс (32) заработи повреда на стапалото (плантарен фасциитис) поради што ќе отсуствува три месеци, а нема дилема дека тоа е голем хендикеп за тимот од клупата предводен од Шарунас Јасикевичиус.

Хигинс во тековната сезона постигнува 9,2 поени и 1,7 асистенции, а неговиот придонес е најголем во најважните дуели – беше најдобар играч во минатосезонското финале на ЕЛ, кога постигна 23 поени во поразот на Барса против Ефес. Тој е играч на Барса од 2019 година, а претходно четири сезони го носеше дресот на ЦСКА Москва.

Карлос Алосен , 21-годишниот кошаркар на Реал Мадрид ќе мора да оди на операција на левото колено и ќе има подолго закрепнување. Младиот плејмејкер претходната сезона ја мина на позајмица во Сарагоса, неговиот матичен клуб.

Реал и Барселона моментално се на делба на првото место во ЕЛ – двете екипи имаат скор 20-5.