Connect with us

Фудбал

Голема финансиска загуба на Барса поради натпреварот без публика против Наполи

УЕФА утрово потврди дека Барселона и Наполи ќе го одиграат реваншот од осмина финалето во Лигата на шампионите пред празни трибини.

На првиот натпревар одигран во Неапол резултатот беше 1:1 и јасно е дека Барса е голем фаворит во реваншот. Каталонците секогаш имаат голема подршка на својот стадион, но овој пат тоа ќе изостане.

Поради коронавирусот, беше решено натпреварот да се игра на празни трибини, што сигурно ќе им годи на играчите на Наполи повеќе од домашната екипа. Но, за Барселона, одлуката да се игра мечот на празни трибини не е само разочарувачка.

Поточно, каталонскиот клуб ќе изгуби голем профит, што тие сигурно го планираа пред се од продажба на билети. „Мундо Депортиво“ денеска објави дека Барселона ќе изгуби дури 4,5 милиони евра како резултат на таквата одлука.

Ова ќе биде втор натпревар во историјата на Барселона што ќе се одигра пред празни трибини на „Камп Ноу“. Првиот се играше минатата сезона кога Барса беше домаќин на Лас Палмас, а забраната за пристигнување на навивачите тогаш беше поради референдумот во Каталонија.