Connect with us

Други спортови

Голема трагедија, загинаа 12 лица при влез на стадион, настанало стампето (ВИДЕО)

Трагедија на стадион, најмалку 12 лица загинаа, а над 80 се повредени по хаосот што се случи на Мадагаскар. Според информациите кои доаѓаат од странските медиуми, настанал хаос кога околу 50.000 луѓе се обиделе да влезат на стадионот во Антананариво на натпреварот наречен Игри на островот во Индискиот Океан. По трагедијата, премиерот Кристијан Нцај потврди дека има жртви и дека уште најмалку 11 лица се во критична состојба. Потоа говореше претседателот на државата Андре Рајолина.

„Трагедијата се случи, на влезот имаше стампедо, имаме голем број повредени луѓе. Би сакал да ги замолам сите за едноминутно молчење во чест на загинатите“, рече Раиолина при обраќањето до публиката внатре на самиот стадион.