Фудбал
Големата надеж на бразилскиот фудбал во секунда му се уништи животот
Животот може да се промени во секунда.
И тоа не е нешто ново. Понекогаш на подобро, но за жал може да биде и на полошо.
Големата надеж на бразилскиот фудбал Ренан Виктор да Силва доживеа фатална несреќа во петокот наутро.
Да Силва свртел на спротивната лента и удрил во мотоциклистот, кој починал на лице место.
Веднаш бил уапсен, а полицијата утврдила дека бил во алкохолизирана состојба.
Renan Victor da Silva (20, defendor on loan to RB Bragantino from Palmeiras) has had his loan contract terminated after crashing with and killing a man on a motorbike. Police says he drove without a licence and while being drunk. https://t.co/vUk3z7FKw9 pic.twitter.com/GG8y0XkyYM
— André Noruega (@AndreOstgaard) July 23, 2022
Одземена е и привремената возачка дозвола што ја поседувал, но јасно е дека сега му претстојат тешки денови во животот.
Неговата фудбалска кариера веројатно е веќе завршена. Тој беше на позајмица во Брагантино, а клубот веднаш реши да го раскине договорот. Веројатно истото ќе го направи и славниот Палмеирас чиј член и официјално беше.
Притисокот на јавноста е голем, а голем талент би можел да ја заврши кариерата.
Неговата моментална вредност е девет милиони евра.