Фудбал
Големи критики за Коваќ: „Повеќе не смее да го прави тоа“
Фудбалерите на Баерн Минхен во претходното коло од Бундеслигата беа поразени на гостувањето кај Херта со 2:0.
Баварците одиграа еден од најлошите натпревари во последно време во Берлин, па заслужено поразени го напуштиа главниот град на Германија. После овој натпревар Баерн падна на второто место на табелата, а пред нив е Борусија Дортмунд која има еден бод повеќе.
Хрватскиот стручњак Нико Коваќ кој летово го презеде Баварскиот клуб се најде на удар на навивачите на клубот. Во германските медиуми се огласи и легендарниот фудбалер на клубот од Минхен Штефан Ефенберг кој порача дека Коваќ не смее толку да експериментира со составот.
„Коваќ прави неверојатен број на промени и премногу ги ротира фудбалерите. Мора да се прилагоди на некоја стартен состав, а не да менува од натпревар во натпревар. Прерано е толку да експериментира затоа што сега треба да се фокусира на зголемувањето бодови над ривалите, а не да ги расфрла. Не смее да се случи толку да го одмара Левандовски или Хамес Родригез, а знае дека е важен натпревар“, рече некогашниот играч од средниот ред на Баварците.