Фудбал
Големи проблеми за Португалија во пресрет на баражот против Турција
Остануваат уште три недели до плејофот за Светското првенство. Во баражот ќе игра репрезентацијата на Португалија, која за прв ривал ќе ја има турската репрезентација, а веќе е јасно дека поранешниот европски првак ќе биде сериозно ослабен.
Во последните неколку дена, Португалците доживеаја серија шокови бидејќи загубија неколку големи играчи. Имено, прво се повреди одличниот стопер Рубен Диас кој нема да има шест недели, а потоа Рубен Семедо кој требаше да игра во одбраната.
Најголемиот шок дојде викендов кога се повреди Кристијано Роналдо кој го пропушти дербито на Манчестер Сити и отпатува во својата земја бидејќи верува дека потоплото време ќе му помогне побрзо да заздрави.
На дуелот против Турција ќе ги нема суспендираниот Жоао Кансело и одличниот играч за врска Ренато Санче. Така Фернандо Сантос остана без пет стратези.
Доколку ја победи Турција, Португалија ќе биде домаќин на подобриот од дуелот меѓу Италија и Северна Македонија. Натпреварите ќе се играат на 24 и 29 мај.