Фудбал
Големи проблеми за Солскјер: Стандарден првотимец шест недели надвор од теренот
Тренерот на Манчестер Јунајтед, Солскјер е во неволја бидејќи еден од стандардните првотимци е повреден.
Станува збор за левиот бек, Лук Шоу, кој ќе паузира шест недели поради повреда на тетивата и ќе пропушти голем број на натпревари.
Шо играше многу добро во изминатите неколку недели, но се повреди на натпреварот против Евертон, а сега е познат степенот на повреда.
Останува да видиме со кого Солсјаер ќе го замени Шо, и дали Алекс Туанзебе ќе може да ја исполни задачата на позицијата лев бек.