Фудбал
Големи три бода за „Кралевите“ во борбата за титулата
Реал Мадрид забележа важен триумф против Еибар во 29. коло од Ла Лига со 2:0.
„Кралевите“ беа подобар ривал на овој натпревар и на крајот заслужено стигнаа до триумф.
Првиот гол се чекаше 40 минути. Маркос Асенсио одлично го искористи просторот во одбраната на гостите и погоди за 1:0.
Сите дилеми околу победникот на овој дуел беа решени во 73. минута од средбата. Нереалната серија голови во дресот на Реал ја продолжи Карим Бензема, кој погоди за 2:0.
Со оваа победа, Реал се доближи на минус три до Атлетико, кој исто така има натпревар помалку, и барем на кратко ја прескокна Барселона на второто место.