Фудбал
Големиот борец Начо останува верен на Реал Мадрид
Реал Мадрид ја продолжи соработката со големиот борец Начо Фернандез. Начо Фернандез го продолжи својот договор со Реал Мадрид до 2023 година. Откако одлучија да не му го продолжат договорот на капитенот, Серхио Рамос, Флорентино Перез мора да го задржи костурот на екипата во одбраната, па затоа експресно му беше понуден договор на 31-годишникот.
? #Nacho2023 pic.twitter.com/PSvle3Sm3b
— Real Madrid C.F. ع (@realmadridarab) July 8, 2021
Начо е во Реал уште од 2001 година, почнувајќи од младинската школа и нема играно за друг тим, односно целата досегашна кариера ја мина на „Сантијаго Бернабеу“.