Ракомет
Големиот Омејер со солзи во очите рече: Доста е!
Не можеше да ги сокрие емоциите, заврши на рацете на соиграчите и им се заблагодари на сите за кои мислеше дека треба тоа да го направи. Иако планираше да “издржи“ до Токио, до ОИ, сепак неколку месеци пред да наполни 43 години рече: Доста е!
Големиот ракометен голман, Тиери Омејер послед пат се најде меѓу стативите. Французинот последниот меч во кариерата го одигра за ПСЖ против екипата на Сесос (ПСЖ победи со 29-20, а Сесон заврши во втора лига).
И на овој, последен ме, „Тити“ Омејер собра 15 одбрани, а постигна и еден гол.
Неговиот последен ракометен настап во живо со салата во Париз го следеа францускиот селектор Клод Онеста, легендарниот Џексон Ричардсон и 116 членови на семејството на Омејер.
Омејер со ПСЖ ја освои титулата француски шампион, негова десетта. Во пребогатата кариера има четири титули европски клупски првак, еднаш светски клипски првак, и еден освоен Супер куп.
Во кариерата освои и две олимписки злата, петпати беше светски и трипати европски првак со Франција.
.