Connect with us

Фудбал

Големиот план на Лапорта за враќање на Лионел Меси: Продажба на триото за 150.000.000 и чисти финансиски книги!

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта е опседнат со идејата да го врати Лионел Меси на Камп Ноу. Причините се многубројни, пред се да се поправи грешката од пред две години кога го пушти, секако и спортски, затоа што очигледно е дека на тимот се уште му недостига Меси, а на крајот – маркетинг, бидејќи Каталонците со него во клубот заработуваат меѓу 250 и 300 милиони евра повеќе по сезона.

Новинарот Фернандо Поло денеска открива дека Ла Лига и кажала на Барса дека мора да соберат огромни пари за трансфер за да го испеглаат финансискиот фер-плеј, па на трансфер листата се и Ансу Фати и Рафиња и Феран Торес! Ова звучи малку неверојатно, бидејќи сите тројца се напаѓачи, па Барса заедно со Меси би морала да доведе уште некои напаѓачи.

Дури и за тоа има решение, само прашање е колку e добро. Зашто, идејата на раководството е да го врати Пјер-Емерик Обамејанг, кој би можел да го раскине договорот со Челзи, потоа Караско, кој е на располагање за 10 милиони евра, и Абде Езалзули, кој блеска на позајмица во Осасуна. Барса со продажба на споменатата тројка би можела да заработи над 150 милиони евра, Рафиња е проценет на околу 70-80, додека информациите за Фати се поделени, едни велат дека Мендеш ветува понуда од 70 милиони, други дека никој нема да понуди повеќе од 50. Феран Торес е на цена во Премиер лигата, се споменува дека би можел да премине во Астон Вила заедно со Матео Алемани за 30-40 милиони евра. Вака Барса би имала пари во касата да ги регистрира сите нови договори, не само на Меси, туку и на Иниго Мартинез, кој среди се, а се споменува дека тогаш како слободен играч би можел да дојде и Илкај Гундоган. Исто така, се чека и регистрација на нови договори за Маркос Алонсо, Гави и Серхи Роберто. Севкупно, каталонските извори пишуваат дека Лапорта продолжува да им ветува на опкружувањето на Меси дека ќе му дозволи да се врати, но во моментов тој пат е премногу тежок и малку луд…