Кошарка
Големо изненадување на Запад!
Три натпревари од плејофот во НБА лигата и донесоа големо изненадување на Западната конференција.
Њу Орлеанс Пеликанс во гости го победи Феникс Санс со 114:125 и израмни во серијата на 1:1.
Пеликанс, кој се „лизна“ во плеј-офот, ги предводеше Брендон Инграм, кому му беа потребни две асистенции за трипл-дабл. Натпреварот го заврши со 37 поени, 11 скока и 9 асистенции.
Девин Букер беше на нивото кај поразените Санс со 31 поен, а многу добар меч одигра и Крис Пол со 17 поени и 14 асистенции.
Мајами Хит има сигурни 2:0 над Атланта Хокс по победата од 114:105 и дефинитивно оди во второто коло од плеј-офот. Џими Батлер со 45 поени ја предводеше франшизата од Флорида до нов триумф.
Резултатот во серијата меѓу Мемфис Гризлис и Минесота Тимбервулфс сега е 1:1 по победата на домашните од 124:96. Џа Морант со 33 поени, девет скока и 10 асистенции го предводеше Мемфис до вреден триумф.