Фудбал
Голманот на Бриж ги „трола“ Меси, Мбапе и Нејмар: Па, немав многу работа!
ПСЖ одигра само 1:1 на гостувањето кај Клуб Бриж, иако во нападот за прв пат од првата минута настапи супер триото Меси, Мбапе и Нејмар. Сите очекуваа повеќе голови од нив, но на овој меч единствениот гол за ПСЖ беше дело на играчот за врска Херера.
Голманот на Клуб Бриж по мечот ги „тролаше“ напаѓаите на францускиот тим.
– Немав многу работа, игравме многу добро како колектив, изјави Симон Мињоле, кој притоа додаде:
-Не им дозволивме да создадат премногу шанси за гол. Сите знаеме дека индивидуално се многу силни и затоа избегнувавме да ги доведеме да дојдат во ситуација „еден на еден“.