Фудбал
Голманот на Интер одлучил, еве каде ќе ја заврши кариерата!
Самир Хандановиќ е во Интер од 2012-та година. Во меѓувреме стана еден од најдобрите голмани во светот, а колку е ценет во Интер доволно зборува податокот дека ја носи капитенската лента. Бидејќи му истекува договорот следното лето, се шпекулира околу тоа дали ќе остане или не.
Новинарот на Скај Спортс Андреа Павенти објави дека Хандановиќ наскоро ќе го продолжи договрот со Интер и дека токму во овој клуб планира да ја заврши својата кариера.
-Во Интер многу го ценат Хандановиќ поради неговата искреност. Она што го мисли, тоа и го кажува. Наскоро ќе го продолжи договорот, во овој клуб ќе ја заврши кариерата, а потоа ќе остане да работи во тимот да го пренесе своето искуство, пишува Павенти.
Хандановиќ во месец јули ќе наполни 36 години.