Connect with us

Фудбал

Голманот на Реал имаше голема помош од соиграчите пред клучниот пенал на Ковачиќ

Германскиот дефанзивец Антонио Рудигер синоќа стана херој на победата на Реал Мадрид над Манчестер Сити и тоа не само поради пеналот кој го постигна во последната серија. Имено, се појави видео на кое се гледа дека Рудигер му помогнал на Андреј Луњин да го запре она што се покажа како клучен удар на Матео Ковачиќ. Претходно Реал се врати во игра откако Луњин го запре Бернардо Силва и со тоа го анулираше промашувањето на Лука Модриќ.