Connect with us

Тајмаут

Голманот на Црвена Звезда ја „ќарил“ фаталната политичарка: Згодната русокоса го „запали“ Инстаграм со фотографии од „Маракана“ (ФОТО)

Нов пар во Србија кој ги полни страниците на „жолтиот печат“.  Најубавата српска политичарка и голманот на Црвена звезда! Кога Ана Гроздановиќ, политичарка од Социјалистичката партија на Србија, почна редовно да доаѓа на натпреварите на црвено-белите, никој не се посомневаше дека причината за тоа е љубовта! Таа беше меѓу 25.000 навивачи кои беа на мечот со Нови Пазар кога се славеше титулата, а сега е откриено дека причина за тоа е Никола Васиљевиќ! Овој 202 сантиметри висок голман, кој сезонава доби минутажа во црвено-белиот дрес и на неколку натпревари беше замена за Милан Борјан, на својот профил објави слики во прегратка со убавата Ана!