Фудбал
Голот на Елиф Елмас против Милан бил нерегуларен и требало да се поништи, тврди поранешен судија (ВИДЕО)
Поранешниот фудбалски судија Грацијано Чезари, изјави дека голот на Елиф Елмас постигнат против Милан, со кој Наполи славеше со 1:0 и дојде до три бода, бил нерегуларен и требало да биде поништен.
-Голот кој го постигна Наполи дојде после корнер на кој му претходеше аут кој наместо на Милан му се додели на Наполи. Лозано ја допре топката пред Бало Туре. Не знам како помошникот не го забележа ова. Ова беше една несреќна грешка за која никој немаше да зборува ако не се постигнеше гол од корнерот, изјави поранешниот судија Чезари.
Инаку, Милан во финишот на мечот постигна израмнувачки гол преку Кеси, но истиот неколку секунди подоцна беше поништен поради претходен офсајд на Жиру.