Connect with us

Фудбал

Голот на Роналдо беше поништен поради неверојатен офсајд, па навивачите на Ал Хилал му скандираа „Меси, Меси“, реакцијата на Португалецот неверојатна (ВИДЕО)

Навивачите на саудискиот Ал Хилал имаа интересна порака за еден од најдобрите фудбалери на сите времиња Кристијано Роналдо на гостувањето кај Ал Наср во дербито на првенството на Саудиска Арабија. Тие го испровоцираа Португалецот скандирајќи го името на неговиот најголем ривал Лионел Меси од Аргентина.

Од тамошните трибини на стадионот се слушаше „Меси, Меси“, а Португалецот кој нормално не реагира на вакви работи, сега реши да се насмее на ваквото прозивање и да испрати неколку бакнежи до навивачите на противничкиот тим. .

На овој натпревар на португалската суперѕвезда му беше поништен гол поради неверојатен офсајд, бидејќи рамото на Роналдо беше во недозволена позиција.

Поништениот гол на Роналдо на следниот ЛИНК.