Фудбал
Голот од корна на Салах го засени лоша вест
Мохамед Салах во победата од 4:1 на Египед над Свазиленд постигна прекрасен гол од корна на крајот на првото полувреме и покажа дека минатата сезона не беше само блесок.
Оваа сезона Салах во дресот на Ливерпул не е на тоа ниво од минатата сезона, па овој гол дојде во право време, но за жал, стигна и една ложа вест.
Во самата завршница од натпреварот ѕвездата на Ливерпул мораше да излезе од игра поради повреда, а по изразот на лицето на Салах тоа не изгледаше добро.
Сепак, сега следува пауза, има доволно време да закрепне до новите натпревари во Премиер лигата, но во случај на потешка повреда, на Енфилд ќе бидат и тоа како разочарани.