Фудбал
Горан Пандев избран за делегат на ФФМ
ОФС Струмица одржа годишно Собрание, на кое најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев, кој воедно е сопственик на клубот Академија Пандев, е избран за делегат на Фудбалската федерација од страна на ОФС Струмица. Пандев е избран на предлог на неговиот клуб, а одлуката била едногласна.
Поранешниот македонски репрезентативец беше вклучен преку видео линк и им се заблагодари на делегатите на ОФС Струмица.
Потсетување дека Редовното годишно Собрание на ФФМ ќе се одржи на 12 март 2022 година во Скопје.