Connect with us

Фудбал

Горан Пандев: Навистина беше болно, четири дена не спиев, овој пат дефинитивно ќе биде крај

Горан Пандев според многумина е најдобриот македонски фудбалер на сите времиња. А, за ова во прилог одат неговите достигнувања на клупски, но и репрезентативен план, бидејќи е еден од најзаслужните што Македонија за прв пат настапи на Европско фудбалско првенство.

Во интервју за италијанските медиуми изјави дека погрешил што не се пензионирал веднаш по Европското првенство кое се играше минатата година.

Пандев воедно најави дека ова лето, дефинитивно ќе биде крај:

-Да, овој пат да. Можеби згрешив што продолжив по Европското првенство,вели Пандев, кој додаде дека заминувањето од Џенова било многу болно.

-Беше болно, се разбира дека беше болно…Првите 4 дена по збогувањето не спиев, вели Пандев, кој за одлуката да замине од Џенова порача:

-Не се плашев од испаѓање, но во Џенова ме наведоа да разберам дека повеќе не им требам. И така сфатив дека го направив вистинскиот избор, сè уште да се чувствувам жив. Кога отидов во канцеларија и видов луѓе среќни што заминав. Жал ми беше, но сфатив дека е готово. Кога кажав за повикот на Парма никој не ми рече остани, помогни им на момчињата. Ми рекоа: „ако си решил да одиш, оди“. Можеше да се види дека тие се среќни и сакав да го отстранам нарушувањето. Во последните три месеци се чувствувам тешко, порача Пандев.