Connect with us

Фудбал

Горан Пандев продал 90 проценти од акциите на Академија Пандев за 600.000 евра?!

Вчера на Македонската берза помина блок трансакција со акциите на Фудбалскиот клуб академија Пандев од Струмица, објави порталот „Фактор.мк“

Според податоците од Берзата, во еден наврат, односно во блок трансакцијата, биле продадени 2.250 акции на ФК Академија Пандев, по цена по акција од 16.480 денари, или во вкупен износ од нешто над 37 милиони денари, што, пак, е рамно на 603 илјади евра, пишува Фактор.мк

Ако се погледнат податоците на Берзата за овој фудбалски клуб, може да се види дека самиот ФК Академија Пандев има вкупно издадено 2.500 акции, што значи дека вчера преку берзанската блок трансакција бил продаден најголемиот дел од акциите, односно 2.250, а останале само 250 акции.

Или, изразено во проценти, тоа значи дека вчера преку берзанска блок трансакција биле продадени 90 отсто од Фудбалскиот клуб Академија Пандев, за сума од 603 илјади евра.

Целата вест на Фактор.мк