Фудбал
Горан Пандев во Топ 10 најдобри бесплатни засилувања на Интер
Популарниот и доста угледниот портал кој се занимава исклучиво со информациите поврзани со трансферите „Трансфермаркт“ состави листа од ТОП 10 најдобри засилувања за нула евра кои ги добил италијанскиот гигант Интер. Меѓу нив се најде и македонскиот најдобар фудбалер Горан Пандев, кој во 2010-та од Лацио без обесштетување се пресели во Интер, каде таа сезона имаше забележителна улога во најголемиот успех на овој клуб и освојувањето на триплета, односно шампионската титула, купот и Лигата на шампионите.
Листата е направена за играчи кои биле ангажирани од сезоната 2004-та па до денеска. Прв на таа листа е Стефан Де Фрај, потоа Чалханоглу, па Годин, па Фино, следува Онана кого Интер го договори пред неколку дена од Ајакс, а нашиот Пандев е на шестото место.
Секако како главен параметар за оваа листа е земена вредноста на самиот фудбалер во моментот кога за без пари се преселил во Интер, а не според учинокот на теренот.