Фудбал
Горазд Михајлов ќе го спасува Вардар!
Горазд Михајлов е новиот тренер на ФК Вардар. Информацијата ја потврдија од „црвено-црниот“ табор. До прес само неколку дена Михајлов беше тренер на Силекс. Интересна е „рокадата“, имено Александар Васоски даде отказ на кормилото на Вардар, па седна на клупата на Силекс, а од Кратово замина токму Михајлов за да сега ја прифати позицијата шеф на стручниот штаб на Вардар.
Во својата кариера, освен Силекс, Михајлов ги предводеше тимовите на Борец, Текекс, Напредок Кичево, Пелистер, Охрид.
Вардар во моментов е на последното место на табелата и секако дека задачата на новиот тренер ќе биде да го спаси од испаѓање.