Connect with us

Фудбал

Готово е, Астон Вила ја „пукна бомбата“, дојде Фелипе Кутињо!

Астон Вила и Барселона ги договорија условите Филипе Кутињо да го помине остатокот од оваа сезона на позајмица на Вила Парк.

Договорот е играчот да ги заврши медицинските прегледи и да добие работна дозвола, а има клаузула која вклучува и опција за купување на Кутињо по завршувањето на сезоната. Во следните 48 часа Кутињо треба да пристигне на „Вила Парк“.

Кутињо беше едно од најскапо платените засилувања на Барселона, но никако не успеа да ги оправда очекувањата на каталонскиот тим. Затоа играше на позајмица во Баерн Минхен, а Барселона со сите сили сакаше да го продаде и да се ослободи од неговите високи примања.

Во Астон Вила тренер ќе му биде неговиот поранешен соиграч од Ливерпул, легендата Стивен Џерард.