Connect with us

Фудбал

Готово е, дефанзивецот заминува во Интер, оди кај Конте, позната неговата замена

Се погласни се информациите од Италија, дека дефанзивецот Стефан де Фрај ќе замине од Интер. Како што пишуваат дел од италијанските медиуми, тоа е веќе готово, а Холанѓанецот по завршувањето на сезоната ќе се пресели кај Конте во Тотенхем. Договорот на Де Фрај со Интер е до 2023-та, тој нема да биде продолжен и во летниот преоден рок италијанскиот тим ќе го продаде со цел да заработи нешто. Неговата замена се очекува да биде дефанзивецот на Торино, Бремер.

Де Фрај во Интер пристигна од Лацио во 2018-та година, а освен за овие два тима играл и за Феенорд. Со Интер освои титула минатата година, а годинава Суперкупот, додека со Лацио исто така освоил Суперкуп. Во сезоната 2019/2020 беше прогласен за најдобар дефанзивец во Серија А.