Connect with us

Фудбал

Готово е, Елиф Елмас и Наполи се шампиони на Италија (ВИДЕО)

Елиф Елмас и Наполи и официјално се шампиони на Италија. Вечерва на гостувањето кај Удинезе одиграа колку што им требаше, нерешено 1:1.

Удинезе поведе во 13-таминута преку Ловриќ, а израмнувањето стигна во 52-та минута кога најдобриот стрелец во лигата Осимен постигна гол за 1:1.

Елиф Елмас го одигра целиот меч, како и Илија Несторовски на спротивната страна.

Ова е прва титула за Наполи уште од ерата на Диего Марадона.