Connect with us

Фудбал

Готово е, Елмас и Наполи имаат нов тренер

Речиси сите италијански медиуми објавија дека првиот човек на Наполи, Аурелиот Де Лаурентис ги договорил сите услови со Валтер Мацари кој ќе биде замената за Руди Гарсија кој доби отказ поради лошите резултати. Наскоро се очекува и официјална промоција, а според информациите Мацари ќе има договор до крајот на сезоната, а дали ќе продолжи, се зависи од крајните резултати.

Ова ќе биде втор пат Мацари да биде тренер на Наполи. Претходно го предводеше овој клуб од 2009-та до 2013-та. Во тој период најдобрите успеси се пехар во Купот на Италија 2008/2009, и втор во Серија А во 2012/2013-та.