Connect with us

Фудбал

Готово е, Ерлинг Халанд го одбрал својот следен клуб

Напаѓачот на Борусија Дортмунд и норвешката репрезентација Ерлинг Халанд го одбрал тимот каде ќе игра следната сезона. Според спортскиот новинар Џанлука ди Марцио, кој важи за „трансфер гуру“,Халанд одлучил да направи трансфер во Реал Мадрид.

 

Ди Марцио тврди дека Норвежанецот избрал помеѓу англиската Премиер лига и шпанската „Ла Лига“. Според него, „Ла Лига“ повеќе му одговара на неговиот стил на игра.

Тој веќе побара од својот агент да се договори со Реал, објави италијанскиот новинар. Сумата која би требало да ја добие Борусија Дортмунд е околу 75 милиони евра.

 

Реклама

Facebook

Реклама