Connect with us

Фудбал

Готово е, ќе се гради нов „Сан Сиро“ од 1 милијарда евра во Милано, еве како ќе изгледа (ВИДЕО)

Милан и Интер, како и градот Милано се договориле за изградба на нов фудбалски стадион кој ќе чини една милијарда евра. Се е завршено, останува само официјалното потпишување на документите.

Според „Газета“ изградбата на новиот стадион ќе стартува веднаш по завршување на Зимските Олимписки игри во 2026 година и до стартот на сезоната 2027/28, стадионот ќе биде подготвен за двата милански великани. До тогаш двата клуба ќе играат на стариот стадион, кој ќе се користи за потребите на ЗОИ во Торино и Милано, а потоа постепено ќе биде срушен.