Фудбал
Готово е, Лаутаро Мартинез потпиша!
Интер потврди дека Лаутаро Мартинез и официјално го ставил својот потпис на нов договор, кој ќе важи до 2029-та година. Со ова Интер ги обезбеди услугите на својот најдобар фудбалер во изминатите неколку сезони. Мартинез веќе шест сезони е во Интер, во кои аргентинскиот напаѓач одигра 282 настапи и постигна 129 гола.