Фудбал
Готово е, Мбапе објави видео, им се обрати на навивачите со порака: Заминувам од ПСЖ, во недела го играм последниот меч (ВИДЕО)
Она што одамна се најавуваше, сега е јасно. Килијан Мбапе заминува од ПСЖ. Самиот напаѓач тоа го потврди преку видео обраќање до неговите фанови.
MERCI. 🔴🔵 @PSG_inside pic.twitter.com/t0cL2wPpjX
— Kylian Mbappé (@KMbappe) May 10, 2024
-Сакам да ве информирам дека ова е мојата последна сезона во Пари Сен Жермен. Нема да го продолжам договорот и оваа авантура ќе заврши во следните неколку недели. Мојот последен натпревар ќе го одиграм на „Паркот на принцовите“ во недела, вели Мбапе во видео обраќањето.
Ова беше најавувано одамна, но се уште останува непознато каде ќе ја продолжи кариерата. Велиме непознато бидејќи не е потврдено од негова страна, или пак клубот кој со месеци се поврзува со него, а тоа е Реал Мадрид. Сепак, според светските медиуми, следната сезона речиси 99 отсто, Мбапе ќе го носи дресот на „Кралевите“.