Connect with us

Фудбал

Готово е, по 12 години одлучи да ја напушти „првата љубов“ и да замине поради парите

Се е готово и јасно. Лоренцо Инсиње следната сезона ќе игра во Торонто. Тој поради парите одлучи да ја напушти „првата љубов“ и да замине од Наполи. Инсиње настапуваше за младите категории на овој тим, а од 2010-та го носи дресот на сениорите. Одиграл 416 мечеви и постигнал114 голови и 95 асистенции. Има 30 години се уште е во форма и можеше да бира за кој клуб во Италија да настапува, сепак одлучи да замине поради парите. Според неофицијални информации Инсиње ќе добива 11 милиони евра годишно, секако сума која ниту еден тим во Италија, па и Европа не би му ја дал. Ова е главната причина поради која тој по 12 години заминува од Наполи, но и од Европа.

 

Реклама

Facebook

Реклама