Фудбал
Готово е, Шкупи е нов шампион на Македонија, по две децении титулата повторно во Чаир (ВИДЕО)
Екипата на Шкупи на неколку кола до крајот и математички ја освои шампионската титула во домашното првенство откако со 2:0 славеше против Ренова во Чаир.
Трибините беа преполни, но фановите чекаа за радост до самиот финиш на мечот. Имено, Сандеј Адетунџи, кој е најобар стрелец, на десет минути пред крајот на мечот му донесе предност на Шкупи од 1:0 со неговиот 19-ти гол во сезоната. Победата ја потврди Кевен да Силва во последните секунди од мечот.
Ова е прва титула за Шкупи уште од ерата кога овој тим го носеше името на Слога Југомагнат, кој имаше и други сопственици. Последен пат тимот од Чаир освои титула во сезоната 2000/2001 и ова за нив е четврти шампионски трофеј.
Резултати:
Шкендија – Македонија ЃП 3:1
Шкупи – Ренова 2:0
Струга – Пелистер 4:0
Тиквеш – Борец 5:0
Вчера:
Академија Пандев – Брегалница 2:1
Работнички – Скопје 0:1