Фудбал
Готово е, судот ја одби жалбата на Русија, Полска директно во бараж-финале за пласман на СП
Судот за спортска арбитража ја отфрли жалбата на Русија поради забраната што и беше изречена од светската фудбалска организација ФИФА, поради инвазијата врз Украина.
Врховниот суд на спортот соопшти дека „оспорената одлука останува во сила и сите руски тимови и клубови и натаму ќе бидат суспендирани од учество во натпреварите на ФИФА“.
Судската одлука значи дека на Русија нема да и биде дозволено да учествува во плеј-офот за пласман во финалето на Светското првенство во 2022 година.
Русија побара од судот да ја суспендира забраната додека се разгледува правната основа на казната.
Но, од судот во соопштение велат дека постапките продолжуваат, а странките разменуваат писмени поднесоци со нивните аргументи. Датумот на сослушувањето допрва треба да се одреди.
Русија требаше да се соочи со Полска во квалификацискиот плејоф натпревар на 24-ти март.
Поради забраната, ФИФА веќе донесе одлука дека Полска ќе победи и ќе продолжи во квалификацискиот процес.