Други спортови
ГП на Канада: Пол позиција за Фетел пред Хамилтон
Макар на краток е прекината доминацијата на Мерцедес во оваа сезона од Формула 1.
Пол позицијата на стазата во Монтреал во склоп на трка за Големата награда на Канада со време од 1:10.240 му припадан на возачот на Ферари Себастијан Фетел.
За Германецот ова е прва најдобра позиција по последните 17 трки.
Фетел за нешто повеќе од 200 стотинки беше побрз од водечкиот во генералниот пласман Луис Хамилтон. Третата позиција е резервирана за другиот возач на Ферари, Леклер.
Одлични квалификации во болидот на Рено имаше и Даниел Рикардо кој ќе ја започне трката од четвртата позиција.
Од третиот стартен ред, поточно од петтата и шестата позиција ќе тргнат возачите на Ред Бул и Мерцедес, Пјер Гасли и Валтери Ботас.
Меѓу топ 10 се наоѓаат Нико Хулкенберг, Лондо Норис, Карлос Сајнц и Кевин Магнусен, а Макс Верстапен ќе започне од 11. позиција.
Утрешната трка започнува во 20:10 според централно-европското време.