Connect with us

Фудбал

Градоначалникот на Кавадарци влета на терен да се пресмета со судијата, а потоа се огласи на Фејсбук: Ова е циркус (ВИДЕО)

Митко Јанчев, градоначалник на Кавадарци влезе на теренот на мечот Тиквеш – Гостивар во првиот дел незадоволен од одлуките на судијата. Имено, проблемот беше досудениот пенал за гостинската екипа во 31-та минута. Сепак, за да дојде до судијата го спречија домашните играчи.

Јанчев потоа се огласи на својот Фејсбук профил каде порача дека тоа за нив е победа против ФФМ.

„После целиот “циркус” на фудбалскиот терен, сепак Господ е на страната на правдата. Иако имаше 2 исклучени играчи, ГФК Тиквеш 1930 го израмни резулатот на 2-2. Со ваквото однесување на ФФМ, кое е срамно и жално за македонскиот фудбал, се оди само во стечај. Иако резулатот е нерешен, ова за нас е победа против ФФМ и корумпираните судии. Напред момци!“, објави Јанчев на Фејсбук.