Connect with us

Други спортови

Гран-при на Кина, втора безбедносна кола по несреќата

Трката за Големата награда на Кина во моментов е во тек. Трката се одржува на патеката во Шангај.

Тргна од пол-позицијата Макс Верстапен, кој вчера го постави најбрзиот круг во квалификациите и непосредно пред тоа го освои спринтот. До него беше неговиот соиграч во Ред Бул – Серхио Перез.

Во вториот ред останаа Фернандо Алонсо со Астон Мартин и Ландо Норис. Топ десет ги комплетираа Оскар Пјастри, Шарл Леклер, Карлос Саинц, Џорџ Расел, Нико Хулкенберг и Валтери Ботас.

Според анализите на експертите, се очекува тимовите и возачите да направат по две застанувања во текот на трката.

Advertisement