Фудбал
Гранде Пандев, во 46-та влезе во игра, во 55-та постигна убав гол, а во 72 минута мораше да го напушти теренот
Горан Пандев го постигна првиот гол во дресот на Парма на вториот меч. Македонскиот најдобар фудбалер во игра влезе во 46-та минута кога неговиот тим губеше со 0:1 од Перденоне. Во 55-та Пандев постигна убав гол со волеј за 1:1, потоа учествуваше во акцијата за пресврт и 2:1, но за жал во 72-та минута мораше да го напушти теренот поради повреда. Парма постигна уште два гола и стигна до убедлива победа од 4:1. Се уште не се знае колку е сериозна повредата на Пандев.