Connect with us

Кошарка

Грант не сака да игра за Лејкерс

Инсајдерот на „Bleacher Report“, Ерик Пинкус, сподели информација за кошаркарот на Детроит Џерами Грант, кој се смета за една од целите на Лејкерси.

– Слушнав дека Лејкерси ја отфрлија опцијата за Грант. Тој не сака да има трета улога зад Леброн и Дејвис, изјави Пинкус.

Минатата недела беше објавено дека Лејкерс им ги понудиле на Пистонс, Тејлен Хортон-Такер, Кендрик Нан како и избор на драфтот во првата рунда во замена за Грант.

Џерами оваа сезона има просек од 20,1 поен, 4,8 скока и 2,6 асистенции по натпревар.