Connect with us

Фудбал

Гризман во аут за клучните натпревари на Атлетико

Францускиот интернационалец Антоан Гризман излезе од клупата за резерви и го постигна својот прв гол во месецот во убедливата победа на Атлетико Мадрид со 5-0 над Рајо Махадаонда за Купот на Реј. На крајот на натпреварот, сепак, ѕвездата се повреди.

Прегледите покажаа дека Гризман има повреда на мускулот на бутот на десната нога и може да ги пропушти сите натпревари на тимот овој месец. Клубот не даде детални информации за состојбата на напаѓачот, но потврди дека тој е во аут за гостувањето кај Виљареал во недела.

Според „АС“, Гризман ќе биде надвор од игра меѓу 4 и 5 недели – токму за време на набиената програма на „душеците“. Тимот ќе се сретне со Атлетик Билбао во полуфиналето на шпанскиот Суперкуп, што значи можно финале против Барселона или Реал Мадрид, а во меѓувреме гостува кај Реал Сосиедад за Купот на кралот и има првенствен меч со Валенсија.

Се очекува Французинот да биде на линијата за дербито со Барселона на 6 февруари. По враќањето од каталонскиот гранд Гризман покажа добра форма и има вкупно 8 гола – 3 во Ла Лига, 1 за Купот на Кралот и 4 во Лигата на шампионите.

Реклама

Facebook

Реклама