Connect with us

Фудбал

Гризман за Уругвајците: Ќе одолговлекуваат, ќе паѓаат, ќе го малтретираат судијата…

Предводникот на Француската репрезентација на Светското првенство во Русија Антони Гризман беше искрен додека го најавуваше четвртиот натпревар во кој неговата репрезентација ќе игра против Уругвај.

Гризман е свесен за она што ги чека „Триколорите“ во овој натпревар, а знае и со што се служат Уругвајците за време на натпреварот. Посебно стоперите Годин и Хименез, со кои ја дели соблекувалната во Атлетико Мадрид.

„Ќе одолговлекуваат, ќе паѓаат, ќе го малтретираат судијата… Тоа е нивната игра“ остро започна Гризман, а потоа ги ублажи своите зборови додавајќи:

„Не е тоа ништо чудно, тоа и го правиме и ние во Атлетико. И ќе мора да се прилагодиме бидејќи натпреварот ќе биде досаден. Тие ќе пробаат да не наведат на тоа“.

Антони Гризман последните комплименти ги упати кон Едисон Кавани.

„Кавани работи за екипата, но неговиот настап е под прашалник. Ако не игра, тоа многу ќе промени затоа што за мене тој е најдобриот напаѓач на светот“.