Кошарка
Грција не им дозволи на Чесите да направат нова сензација на Евробаскетот
Грчкиот тим се пласираше во четврт-финалето на Евробаскетот, каде ќе се соочи со домаќинот Германија, откако во последната четвртина се „разбуди“ и не дозволи нова сензација, стигнувајќи до победата над Чешка со 94:88.
Грците, предводени од Јанис Антетокунмпо, несомнено еден од фаворитите за златото по елиминацијата на Србија, добро почнаа со водство од 16-6, но потоа им дозволија на Чесите да се вратат со својата серија и да поведат.
Томаш Саторански можеше да ги задржи Чесите во игра до последната четвртина, кога Јанис Папапетроу постигна пет директни поени за да го комплетира пресвртот заедно со Јанис Антетокунмпо, кој погоди две тројки.
Антетокунмпо заврши со 27 поени (но само 8 од 17 од поле), 10 скока и 5 асистенции, а во тешката победа помогнаа Ник Калатес со 14 и Јанис Папапетроу со 13.
Јан Весели постигна 21 поен за Чешка, додека Саторански, иако имаше само 3 поени, заврши со 17 асистенции и 8 скока.
Така, четвртфиналето на Евробаскет 2022 се: Германија – Грција, Шпанија – Финска, Словенија – Полска, Франција – Италија.