Connect with us

Фудбал

Грујиќ на мета на Милан, Лацио и Аталанта

Српскиот фудбалер Марко Грујиќ би можел да игра во Италијанската Серија А следната сезона, поточно во Милано, Лацио или Аталанта.

Освен Италијанците, желба претходно и Кардиф, каде што Грујиќ ја заврши сезоната на позајмица.

Британските медиуми објавија дека во моментов Кардиф е најсериозен во трката за неговиот потпис, но и дека сега се вклучиа Италијанците и дека за разлика од клубот од Велс, Милан и Лацио сакаат да откупат договорот на Грујиќ.

Овој 22-годишен играч од средниот ред е во потрага по средина каде што ќе може да продолжи да се развива и да игра постојано, а новата средина ќе биде позната по Мундијалот во Русија, каде што Грујиќ е со репрезентацијата на Србија.

Грујиќ во Ливерпул пристигна во јануари 2016 година од Црвена Ѕвезда на инсистирање на менаџерот Јирген Клоп, но не доби шанса да се докаже во силната конкуренција.