Фудбал
Гудисон Парк заминува во историјата: Евертон добива неверојатен стадион вреден 500 милиони фунти
Градските власти на Ливерпул ја одобрија изградба на новиот стадион на Евертон.
Евертон денес потврди дека ја добиле последната дозвола за изградба на нов стадион на Брамли-Мур, а наскоро ќе започне и изградба на стадион вреден 500 милиони фунти.
Евертон долго бараше решение за новиот стадион. Тие играат на познатиот Гудисон Парк од 1892 година и веќе 25 години се обидуваат да најдат можност да изградат нов стадион.

На крајот, тие успеаја. Сите дозволи се добиени и стадионот ќе се наоѓа веднаш на брегот и неговиот изглед е навистина прекрасен.
Изградбата на стадионот ќе започне многу скоро, а работата се очекува да заврши до 2024 година.
? "On the banks of the Royal Blue Mersey…" ?
A world-class stadium on the waterfront. Our future home. ? pic.twitter.com/hhxgS7G5J1
— Everton (@Everton) March 26, 2021