Фудбал
Гвардиола: Битката за титулата воопшто не е завршена
Пеп Гвардиола инсистираше дека битката за титулата во Англија не е завршена, откако неговиот Манчестер Сити отвори заостаток од осум бода на врвот по минималниот успех на гостувањето кај Брентфорд со 1:0.
Конкурентите за титулата Ливерпул и Челзи загубија бодови во последните два дена, заостануваат девет, односно осум бода зад шампионот, додека „граѓаните“ ја забележаа десеттата последователна победа во Премиер лигата.
„Остануваат уште 54 поени за освојување. Значи, кога ќе се погледне од таа перспектива, осум точки се апсурдни. Но, победивме десет последователни натпревари и тоа е една од нашите цели. Немаме многу време и на 1 јануари играме против еден од најдобрите тимови по форма во моментов – Арсенал. Веројатно нивната најдобра форма во последните четири, пет или шест години. Значи, ова е уште една победа, сега одмараме и се опоравуваме“, изјави Гвардиола.