Connect with us

Фудбал

Гвардиола: Игравме добро и затоа не направив промени

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола не жали за својата одлука да не направи ниту една замена при ремито 0-0 со Кристал Палас.

„Граѓаните“ доминираа во Селхарст Парк, но никогаш не постигнаа гол, што му даде надеж на Ливерпул во трката за титулата. Сити е лидер со 4 бода предност пред Ливерпул кој има натпревар помалку.

„Момците со кои почнав играа многу добро и затоа не морав да правам замени. Единствената грешка беше што не постигнавме гол. Тимот што играше на овој натпревар, на претходниот, ќе игра на следниот. Многу сум среќен од нашиот настап и начинот на кој игравме“, изјави Гвардиола.

Има уште многу натпревари до крајот, мораме да ги добиеме, немам замерки за тимот“, додаде тренерот.

Сити упати 18 удари и погоди две греди преку Кевин Де Бруин и Жоао Кансело, промашени од Лапорте и Бернардо Силва.

Во фудбалот не постои среќа. Моравме да даваме голови, но не успеавме“, изјави Гвардиола.