Фудбал
Гвардиола ја коментираше жрепката, сите мислеа дека ќе „распали“, но тој ги воодушеви фудбалските фанови
Се случи вистински циркус во понеделникот за време на жрепката за осминафиналето во ЛШ. Прво беа извлечени паровите, со две очигледни грешки, а откако имаше бурни реакции, УЕФА одлучи да ја повтори жрепката. Беа добиени нови парови, за разлика од првиот пат.
Сето ова го коментираше тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, еден од клубовите кој е главен фаворит за освојување на пехарот.
Иако, сите очекуваа дека ќе „распали“, напротив Гвардиола го пофали потегот со повторувањето на жрепката.
„Мислам дека ждрепката мораше да се повтори и дека станува збор за почитување на фер-плејот и со тоа што се повтори се отстранија сите сомнежи кои можеа да настанат. Видовме грешка при ждрепката, а тие се случуваат. Како на играчите и тренерите, така и на УЕФА. Јас никому ништо не му замерувам и сум повеќе од задоволен само поради тоа што мојот клуб и јас воопшто сме дел од ждрепката со така силни клубови. Сите противници кои можеме да ги добиеме се тешки. Се зборува дека некои се подобри од другите, но во оваа фаза од ЛШ секој противник е тежок“.
На првата ждрепка Сити го извлече Виљареал, а откако извлекувањето се повтори, „Граѓаните“ се споија со Спортинг Лисабон.